За време на реализација на теренските активности не се забележани потешкотии и целата активност се реализираше според очекувањата.
Сознанијата добиени од пробниот попис ќе бидат искористени за организација и спроведување на главниот попис на земјоделство следната година, информираат од Државниот завод за статистика и им се заблагодаруваат на домаќинствата и деловните субјекти за соработката и учеството во оваа статистичка акција.