Од 1 јануари 2023 лимитот за поврат на ДДВ ќе се зголеми на 2.100 денари, најави Лукаревска

Директорката на УЈП Сања Лукаревска најави дека во координација со Министерството за финасии ќе поднесат предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари.

Според Лукаревска ова ќе претставува стимул и кај граѓаните и кај компаниите, едните да бараат, а другите да издаваат фискални сметки.

На денешната прес-конференција на тема „Три години мојДДВ“ таа информираше дека преку мерката мој ДДВ во изминатите три години се вратени 4,2 милијарди денари, или близу 68,3 милиони евра. Како што кажа, апликацијата стартувала со 212.776 корисници, а денеска брои  близу 460.000, а гледано по региони најмногу скенирани фискални сметки има во Скопје и тоа 259 милиони.

Соопшти дека најмногу скенирање сметки има од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.

„Жените повеќе ја користат Мој ДДВ апликацијата. До крајот на мај годинава имало 245.924 корисници жени, додека 212.598 се машки. Задоволство е што граѓаните ја прифатија апликацијата од сите возрасти од 15 до 98 години“, рече Лукаревска и додаде дека највозрасниот корисник на апликацијата е радовишанец и има 98 години.

„Поделено по старосна структра, 1.808 граѓани кои скенирале 1,4 милиони сметки се до 18-годишна возраст, додека 90.829 граѓани се на возраст од 19 до 30 години и тие скенирале 113,2 милиони фискални сметки, 118.085 граѓани на возраст од 31 до 40 години скенирале 177,3 милиони сметки, а 176,9 милиони фискални сметки скенирале 104.695 граѓани на возраст од 41 до 50 години. Граѓаните од 51 до 60 години скенирале 121,4 милиони фискални сметки, додека 75.527 граѓани над 61 година старост скенирале 98,7 милиони фискални сметки во текот на изминатите три години“, појасни Лукаревска.

Таа уште информираше дека за мај 6.250 работодавачи за 16.722 работници имаат поднесено МП пресметки, а немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5.211 работодавачи за 10.390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок.

„Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот на тој рок пуштаме блокади во банките, исто така, навремено информираме и до Државниот инспекторат за труд за координирани контроли, ја доставивме веќе таа листа на компании и имаме доставени решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МП пресметка“, изјави Лукаревска.

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе