Изградбата на делницата од Крупиште до Кочани треба да трае 24 месеци. Според договорот, компанијата која ќе го добие тендерот треба целосно да го изгради патот, вклучувајќи и 10 мостови и надвозници. Експресниот пат Штип-Кочани треба да биде долг 28 км и да има четири ленти.
Инаку, проектот е вреден вкупно 53 милиони евра, а е дел од Коридорот Исток-Запад, од Трбеништа до границата со Бугарија.