Фонд за осигурување на депозити

Обесштетување на депозитите од Еуростандард ќе се врши преку Стопанска банка, НЛБ Банка, Халкбанк и Комерцијална банка

Фондот за осигурување на депозити ги информира депонентите-физички лица (резиденти и нерезиденти) на Еуростандард банка АД Скопје во стечај и јавноста, дека исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити ќе се врши преку Стопанска банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.

Во услови на ширење на пандемијата на ковид-19, Фондот за осигурување на депозити покрај својата основна задача за исплата на осигурените депозити на депонентите – физички лица, има потреба и дополнително да придонесе кон заштита на граѓаните.

„Оттука, се донесе Одлука дека исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, ќе се врши преку 4 (четири)  банки со цел да се избегнат масовни собири.

Веднаш по добивањето на Конечниот список за депозитите на физичките лица кои се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките – исплатувачи и ќе ги извести во која банка - исплатувач ќе бидат распределени за подигнување на исплатата на обесштетувањето на нивните осигурени депозити“, пишува во соопштението од Фондот.

Фондот најавува дека навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе