„На овој протест одлучно ќе дадеме до знаење на сите релевантни субјекти дека со работникот не смее да има никакви калкулации и дека основните работнички права мораат да бидат достапни на секој работник, независно дали се работи за приватен или јавен сектор. Ги повикуваме сите работници да дадат своја поддршка и свој придонес во оваа борба, со што конечно ќе го кренеме гласот на работникот во Република Македонија“. соопшти Движењето.
Протестот што го најави КСС запиочнува денеска во 16 часот и ќе биде организиран марш од Собранието до Владата, а планирано е да продолжи и во наредните денови.