Нов тендер за автопатот Скопје-Блаце, проценка од 18 милиони евра по километар

Јавното претпријатие Државни патишта распиша нов тендер за автопатот од Скопје (обиколница Стенковец) до граничниот премин Блаце, а проценетата вредност е 186,7 милиони евра за делница од 10 километри.

Според јавниот повик, Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата (на 16 години), а 20,8 милиони евра се обезбедени како грант од ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Градежните работи за 2 километри од овој автопат се во тек.

На автопатот предвидени се вкупно 11 единечни тунели со вкупна должина од околу 4,8 километри и по 9 мостови во двата правца во должина од 1,35 километри. 48 месеци е проценето дека треба да трае изградбата, а почетокот би бил закажан за 17 ноември.

Изградбата на овој автопат доцни веќе неколку години. Во јануари 2020 година беше потпишан Договорот за изградба на првите два километра на автопатот, а во мај, два месеца пред вонредните парламентарни избори, на терен почнаа градежни активности за првата траса. Автопатот Скопје-Блаце е дел од програмата и на новата Влада.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе