НЛБ Банка во соработка со Генерали Инвестментс почнува со продажба на удели од инвестициски фондови

НЛБ Банка Скопје, во соработка со друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје, го проширува своето портфолио на небанкарски финансиски производи и услуги и започнува со продажба на удели од инвестициски фондови со кои управува друштвото.

Со воведувањето на новиот производ, НЛБ Банка го надополнува концептот на „one stop shop“, односно финансиски супермаркет кој нуди сеопфатно финансиско советување и богата понуда на финансиски производи и услуги на своите клиенти, соопштија од НЛБ Банка.

Од Банката додаваат дека соработката помеѓу двете компании била одбележана со донација за младиот математички гениј Дамјан Давков од Штип, кому неодамна Советот на Општина Штип му го додели највисокото општинско одличје, наградата 8 Ноември.

Претседателот на УО на НЛБ Банка Скопје, Антонио Аргир, Претседателот на УО на Generali Investments, Лука Подлогар и Главниот извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје, Лазе Камчев, на Дамјан симболично му врачиле вредносен ваучер од 3.000 евра, средства кои ќе се вложат во удели во Генерали Топ Брендови, со цел остварување дополнителен принос, кој во иднина тој ќе може да го искористи за свое школување и доусовршување.

„НЛБ Банка во континуитет воведува нови и иновативни производи, истовремено овозможувајќи софистициран и напреден консалтинг и оптимално управување со средствата на клиентите преку производи кои соодветствуваат со нивните моментални потреби и обезбедуваат идна финансиска стабилност. Тргувањето со удели од инвестициски фондови е една од најбрзо растечките финансиски активности во нашата земја, а дополнително, по стабилизирање на состојбата со пандемијата и последователно на домашната и светската економија, се очекува уште поголем и позабрзан раст на оваа индустрија во иднина. Со овој производ НЛБ Банка Скопје ја заокружува понудата на небанкарски финансиски производи и со тоа се изедначува со понудата на западноевропските банки, нудејќи широки можности за клиентите, сеопфатно финансиско советување и пристап до низа инструменти кои можат да одговорат и на покомплексните потреби на клиентите и остварување на нивните очекувани финансиски цели“, изјави Антонио Аргир, претседател на УО на НЛБ Банка Скопје.

Претседателот на УО на Генерали Инвестментс, Лука Подлогар ја поздрави соработката помеѓу двете компании и изјави дека ја негуваат соработката со НЛБ Банка Скопје и ја препознаваат Банката како важен деловен партнер.

„Заедно со НЛБ Банка Скопје градиме силно партнерство и уверени сме дека оваа соработка ќе обезбеди посебен пристап и понуда од која корист ќе имаат постојните и идните клиенти. Уверен сум дека нашите производи, отсега достапни во сите експозитури на НЛБ Банка Скопје, се додадена вредност на понудата на Банката, бидејќи инвестициските фондови стануваат сè поважен штеден и инвестициски производ“, рече Лазе Камчев, главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

Дел од производите кои се предмет на оваа соработка се: продажба на удели во акциски фондови со еднократна уплата, продажба на удели во акциски фондови со програмирана уплата, продажба на удели во парични фондови – наменето за правни лица, како и продажба на удели во инвестициски депозит.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе