НЛБ Банка детектира обиди за злоупотреба на податоци, апелира на внимателност

НЛБ Банка денеска соопшти дека детектирала обиди за злоупотреба на податоци и сметки и апелира до нејзините клиенти да бидат особено внимателни при споделување на личните и банкарски податоци. 

„НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека заради детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки, кои Банката веднаш ги пресретна и спречи, треба да бидат особено внимателни при споделување на своите лични и банкарски податоци“, се наведува во објавата на Фејсбук страната на Банката.

Од НЛБ апелираат до граѓаните со друго лице, дури и ако тоа се идентификува како претставник на Банката, да не ги споделуваат своите активациски кодови за електронско и мобилно банкарство, кодовите за интернет плаќања и ПИН кодовите од платежните картички. 

„Потенцираме дека споменатите податоци никогаш нема да им бидат побарани на клиентите од ниту едно лице вработено во НЛБ Банка. Апелираме до клиентите, каков било обид или злоупотреба на податоци, задолжително да го пријават на 02 / 15 600 или на [email protected].“, се вели во објавата од Банката. 

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе