Министерство за земјоделство

Николовски потпиша 900 договори за закуп на државно земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска потпишал 900 договори за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. Овие договори се однесуваат на двата јавни повици објавени во август 2021 година за површини во Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Велес, Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип.

Министерот најавил дека договорите на апликантите ќе им бидат доделени на терен и дека праксата започната во периодот 2017-2019 година на неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци, ќе продолжи и во наредниот период.

Во периодот 2017-2019 година, како што е соопштено од министерството, се стави акцент на зголемување на обработливите површини преку правична распределба на државната земја. Склучени биле 700 договори за доделување државно земјоделско земјиште во закуп, искористени биле 4.000 хектари државно земјоделско земјиште во закуп за до 3 и над 3 хектари, склучени биле 35 договори за површина од 124 хектари за производство на добиточна храна.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе