Во отворено писмо

Николовски апелира до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокираат „земјоделските“ закони

Во отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како и до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бара да се деблокираат законите од кои директно или индиректно, како што вели, зависат 20.000 семејства.

Николовски во писмото објаснува дека граѓаните се уморни од партиските препирки и несогласувања, па неопходно е сите да се насочат кон брзо решавање на животните и егзистенционалните приоритети на земјоделците и сите сограѓани, особено во време на вакви големи светски кризи. Тој ги потсетува пратениците дека пред нив се закони кои во вакви глобални услови и предизвици не смее, заради политички несогласувања да паднат на грбот на земјоделците.

„Доколку ја продолжиме политичката (не)култура на нерационални политички битки врз грбот на граѓаните, недовербата и апатијата кај нив само ќе растат“, вели Николовски и додава дека ова писмо не е политички пазар туку апел преку кој се обидува да укаже на потребата од разум и валоризирање на земјоделскиот труд.

Во писмото Николовски ги наведува законите кои се во собраниска процедура и чекаат усвојување

-Закон за земјоделство и рурален развој – скратена постапка

Доставен во Собранието на 23.2.2022 година

Законот е важно да биде донесен заради:

За корисниците на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2022 година да се одложи важењето на условите за подмирени обврски по други основи кои не се од областа на земјоделството, односно обврските за кои е надлежна Управата за јавни приходи, со што ќе се отстранат пречките за исплата на субвенциите на производителите на тутун и останатите земјоделски стопанства кои се корисници на мерките  од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2022 година

-Закон за земјоделство и рурален развој

Доставен во Собранието на: 26.8.2021 година

Зошто е важно законот да биде усвоен:

Ќе поттикне земјоделците да формираат задруги. Преку формирање на земјоделски задруги ќе се подобри процесот на организација на производството. (набавка на репро материјали, продажба, маркетинг, окрупнување на земјоделското земјиште)

-Закон за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Доставен во Собранието на РСМ на: 01.12.2021

Зошто е важно да се усвои законот:

Основната цел на усвојувањето на оваа измена и дополнување е усогласување со Законот за земјоделство и рурален развој во делот на аплицирањето на финансиската поддршка, олеснување на процесот на аплицирање, намалување на административните процедури во интерес на корисниците на финансиска поддшка, можност за редовно ажурирање на податоците во базите и регистрите, зајакнување на институционалните капацитети на Агенцијата, а во насока за навремено постапување по барањето за финансиска поддшка, континуиран процес на обработка на барањата за финансиска поддшка, овозможувајки заокружен процес од аплицирање до исплата.

-Законот за тутун, производи од  тутун и сродни производи - скратена постапка

Доставен во Собрание на РСМ: 26.1.2022

Зошто е важно да се усвои законот:

Целта на предлог измените е да се надминат проблемите и да се обезбеди правна сигурност при откуп на тутунот и покрај поднесен приговор и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун.

Со измените на законите за шумите, за Државниот инспекторат за земјоделство, за шумарска и ловна инспекција, како што додава, се овозможува конзистентност на правниот систем преку усогласување со Законот за прекршоци – како системски закон и останатите закони кои регулираат конкретни области, додека со носење на Закон за земјоделско земјиште ќе се овозможи да се создадат законски претпоставки за спроведување на Законот за земјоделско земјиште, да се подобри ефикасноста на постапката за користење и располагање со земјоделско земјиште во државна сопственост.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе