Незадоволни од откупните цени, земјоделци од Струмичко ги фрлаат пиперките на буниште (ВИДЕО)

Заврши бербата на отворено на пиперката „ајварка“ во Струмичко, а за некои производители заврши и откупот. Незадоволни од откупните цени дел од нив, чекајќи подобра цена, решија дел од своето производство да го фрлат на буниште.

Откупните цени се исти со ланските, а цените на нафтата, на вештачкото ѓубриво и на други репроматеријали се многу поразлични од ланските.

На социјалните мрежи се појави видео снимка во групата „Земјоделие“ во кое се прикажува како се исфрлаат неколку тракторски приколки со ајварски пипер. Сопственикот на овие 4 тона фрлени пиперки вели дека седум дена чекал за откуп на овие пиперки, но не ја добил посакуваната цена, па тие почнале да скапуваат и тој решил да ги фрли.

Дел од земјоделците своето производство почнаа да го нудат и на фејсбук, но нема интерес. И правењето ајвар е многу поскапено, ако се знаат цените на зејтинот, на дрвата... Ако порано се купувале вреќи со „ајварка“, годинава продажбата на пазарите оди по килограми.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе