Неуромедика најголем работодавец во македонското приватно здравство, нови 125 работни места

Неуромедика на 10 јуни ќе прослави четвртина век постоење, време поминато низ постојан раст и развој и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди.

Пред речиси две години Неуромедика го постави камен темелникот на најголемиот проект досега, болница Неуромедика на улицата „Јордан Мијалков” бр. 62 во центарот на Скопје. Ова е нов објект на 8 нивоа со 3.500 м2 изграден и прилагоден според најсовремените медицински параметри.

Болницата Неуромедика е во завршна фаза во која се работи на специјалните системи за болничко работење, монтажата на дијагностичката медицинска апаратура и останати градежни активности.

Поради тоа Неуромедика има потреба од нов дополнителен кадар кој ќе работи во новиот објект и постоечките капацитети. Отворени се 125 работни места од повеќе области и тоа: доктори специјалисти, доктори општа пракса, менаџери, административен персонал, медицински сестри, медицински техничари, лаборанти, оператори и логистика. 

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе