На глобално ниво во просек инфлацијата достигна 7,4 проценти, во Македонија е проектирана на 8,8 отсто, но, рече гувернерката, се предвидува нејзино постепено намалување идната година.
Кризата ке ја оптовари финансиската политика во услови на стеснет простор за реакција, вели Ангеловска Бежоска и потсетува дека Меѓународниот монетарен фонд упатува на послаб екокономки раст и инфлација.
Покрај конфликтот во Украина, според гувернерката, и забавувањето на кинеската економија како глобален еконосмки двигател, влијае на економското забавување во светот, што може да има и дополнителен ефект доколку од есен пандемијата се засили.
Гувернеркатга нагласи дека Македонија, како отворена и мала економија, поврзана со посилните економии, особено чувствителна на движењата во Германија, е изложена на глобалните движења.
„До крајот на година очекуваме забавување на економскиoт раст и поумерен раст на депозитната маса како најстабилен извор на средства, но и побавно постпандемично закрепнување. Ризиците по економијата се во зависност и од времетраењето на војната во Украина и санкциите кон Русија. Народната банка реагира и за да спречи шпекулативни дејства на девизниот пазар. Во услови на раст на увозните цени, пред сѐ на храната и енергијата, во два наврати за 0,25 процентни поени ја зголемивме основната каматна стапка и таа изнесува 1,75 проценти. Се прават обиди тоа зголемување да биде умерено и да не се одрази значително кај населението и корпоративниот сектор. Дефицитот на тековната сметка изнесува една милијарда евра, таа сметка се финансира од тековни приливи, а причината за продлабочувањето на дефицитот е увозната цена на енергијата. Странските директни инвестиии се над 440 милиони евра, а за годинава очекуваме да продолжат овие повисоки нивоа на приливи, иако нешто намалени. Импулс на економијата треба да ѝ даде задолжувањето во стртанство. Солидни текови има кај приватните трансфери, кои се еден од клучните канали преку кои негативно ја чувствувавме пандемијата, но лани пред ова друго кризно ниво, се надминати и имаме умерена динамика на раст", рече гувернерката.
Таа нагласи дека е јасно оти поради сериозните притисоци однадвор, пандемијата, енергетската и воената криза, мора да се продолжи со фискална консолидација на среден рок.
„Во нашето сценарио претпоставуваме умерена фискална консолидација, но кога ќе ги имаме податоците за ребалансот на буџетот ќе можеме попрецизни проекции да направиме. Монетарна политика ги следи сите макроекономски показатели, се разбира и движењата во опкружувањето на Македонија. Според сите анализи, ќе носиме одлука за видот на мерки за превенирање на ризиците, бидејќи живееме во деликатна криза, а ќе се потпреме и на наши постари искуства бидејќи сме имале и порано кризи", рече гувернерката.
Во таа смисла, таа повтори дека еврото е сидро за македонските финансиски текови и дека однесувањето на Европската централна банка ќе биде основа за потези и на НБРМ.
Ангеловска Бежоска рече дека се очекува забавувањее на растот на цените во втората половина од годинава, бидејќи тие во првата половина на годината се движеа нагоре и речиси го достигнаа врвот. И меѓунариодните финансиски институции очекуваат регулирање на цените на храната и енергијата, кои пак се во најголемиот дел застапени во македонската потрошувачка кошничка.
„Во таа смисла очекуваме инфлацијата која е проектирана на 8,8 отсто да се намали за 3 проценти идната година, клучно е предвидувањето дека по двегодишен раст на цените на нафтата, годинава дури и за 40 отсто, од идната година цените ќе одат надолу, а тоа ќе ја креира и нашата инфлациска патека", рече гувернерката.
Јавниот долг на среден рок би достигнал 63 проценти од БДП и постепено ќе се стабилизира, рече гувернерката, нагласувајќи дека ќе треба сепак да се земат предвид податоците што ќе ги даде Министерството за финансии во однос на ребалансот на буџетот што се изготвува.