Проценка на Министерството за економија

Нема проблеми во снабдувањето со масло за јадење, вели Бектеши

Нема проблем ниту во снабдувањето, ниту во производството на масло за јадење, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Тој нагласува дека редовно се во комуникација со трите домашни производители на масло за јадење и дека ако биде потребно ќе бидат донесени дополнителни мерки со цел да се ублажи притисокот во делот на зголемување на цените.

Бектеши признава дека има одредени покачувања на малопродажните цени на маслото за јадење заради зголемувањето на цените на суровото масло на берзите.

„За основните прехранбени производи како Влада веќе донесовме одлука во делот на намалување на ДДВ-то од 5 на 0 отсто, а правиме и други мерки за утврдување на одредени количини кои преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство би можело да бидат субвенционирани за нашите производители“, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Според податоците од производителите на масло за јадење, има резерви, а  трговците на мало редовно се снабдувани со масло за јадење.

„Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) редовно врши контрола и согласно законските прописи и врз основа на одлуките донесени од Владата веднаш ќе постапат и ќе се преземат соодветни мерки во случај трговците на мало да биле снабдени, а на нивните полици нема масло за јадење. Доколку тие чуваат резерви тоа е спротивно на одлуката на Владата и спротивно на Законот за заштита на потрошувачите и секако дека ДПИ има законско право да направи проверка и да донесе соодветни мерки“, предупреди министерот Бектеши.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе