Одговор на министерот откако јавноста изрази загриженост

Нема одлука за работа на топланите на дизел гориво по 15 септември, вели Бектеши

Досега не е донесена одлука дали по 15 ноември топланите, кои работат на снабдување на скопјани со парно греење, ќе работат на дизел гориво, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на новинарско прашање поврзано со загриженоста на јавноста од зголемено загадување на воздухот по најавата од ЕСМ дека топланите, како тест период, ќе работат десет дена на дизел гориво. Бектеши очекува да бидат повлечени стоте милиони евра од ЕБОР за ЕСМ за справување со енергетската криза, поради, како што рече, неажурноста на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот.

Министерот нагласи дека секоја топлана мора да има алтернативно гориво и да биде подготвена, во случај на недостиг на гас, да го промени горивото за да нема прекин во греењето.

„Алтернативно гориво може да биде екстра лесно (нафта за домаќинствата), мазут или пак, дизел или бензин. Моментално топланите работат на природен гас и главно 70 отсто од потребите за топлинска енергија се покриваат од страна на ТЕ-ТО. Другите 30 отсто, а во одредени денови и до 40 отсто, се покриваат од топланите Исток и Запад“, нагласи Бектеши.

Тој им порача на скопјани да бидат спокојни зашто, како што нагласи, тие непречено и во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија.

И во делот на електричната енергија тој им порача на граѓаните да бидат спокојни дека до крајот на грејната сезона нема да има никаков проблем во делот на снабдувањето.

Во моментов, нагласи тој, ЕСМ одлучи да купи струја бидејќи цената е пониска отколку да работи ТЕЦ „Неготино".

„Во моментов, ако работи ТЕЦ 'Неготино' производството на електрична енергија по мегават час ќе биде поскапо од моменталната увозна цена. За да не направиме штета на Буџетот, одлучивме дека е подобро да увеземе одредени количини на електрична енергија, кои на берзата чинат околу 200 евра за мегават час, отколку да ги произведеме во ТЕЦ „Неготино" за повеќе од 240 евра за мегават час, заради актуелната цена на мазутот. Ние одлучивме да штедиме“, рече Бектеши.

Тој нагласи дека очекува да бидат повлечени стоте милиони евра од ЕБОР за ЕСМ за справување со енергетската криза, поради, како што рече, неажурноста на ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно моите информации, ЕБОР најверојатно ќе ги повлече тие 100 милиони евра имајќи ја предвид неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ со не свикувањето на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Јас не очекував ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи заемот од ЕБОР, но ние сите сме одговорни да им дадеме шанса на пратениците да дискутираат, да дебатираат, а нивниот претставник како претседател на Комисијата не ја стави оваа точка на дневен ред. Тоа е потполно неодговорно. Не барам од нив да го поддржат заемот, но нивна обврска спрема сите граѓани е да ја стават точката на дневен ред“, посочи Бектеши.

И без тие 100 милиони евра, како што нагласи, Владата е подготвена да нема криза во делот на снабдувањето со топлинска и со електрична енергија.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе