НБРМ: Kаматната стапка на благајничките записи помала за 0,25 процентни поени

Каматната стапка на благајничките записи ќе се намали за дополнителни 0,25 процентни поени и ќе изнесува 3,5 отсто, а понудата на благајнички записи ќе се зголеми од 23.000 милиони денари на 25.000 милиони денари, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Како што соопшти НБРМ, ваквата реакција на монетарната политика е одраз на натамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на структурната ликвидност на банкарскиот сектор.

„Сигналите за стабилизација и натаму се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти ­ девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем“, наведува Централната банка.

НБРМ и во текот на декември интервенира со откуп на девизи, шести месец последователно, со релативно голем износ, со што и за целата година интервенциите се во насока на нето­ откуп и имаат позитивен придонес кон промената на девизните резерви.

„Воедно, првичните декемвриски податоци упатуваат на натамошен засилен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем. Овие податоци покажуваат и изразени преференции на населението за располагање со домашна валута. Поволните остварувања се забележуваат во услови на натамошни позитивни оцени за стабилноста на економските фундаменти“, информира НБРМ.

Во однос на економската активност во македонската економија, бројот на показателите за четвртиот квартал од годината досега е ограничен, а нивното движење дава различни сигнали, поради што, посочува Банката, засега тешко можат да се дадат попрецизни оцени.

„Последните податоци за инфлацијата за 2016 година покажуваат дека просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени останува во негативната зона (­0,2 отсто, во просек), при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација бележи позитивни годишни стапки на раст. Инфлациските остварувања во декември упатуваат на нешто пониска инфлација од проектираната, а очекувањата за увозните цени се ревидирани во различна насока, поради што и ризиците околу проекцијата на инфлацијата за следниот период се оценуваат како урамнотежени“, стои во соопштението од НБРМ.

Првичните податоци за фискалниот сектор за 2016 година, како што се додава, упатуваат на помал буџетски дефицит во споредба со претходната година, а со тоа и одржување на процесот на фискална консолидација втора година по ред.

На седницата беше констатирано дека во декември ликвидноста во банкарскиот систем забележа релативно висок месечен раст, главно поради интервенциите на Народната банка за откуп на девизи од банките поддржувачи (во износ од 63,45 милиони евра). Банките имаа вишок девизи генериран од поповолните движења во трансакциите со клиентите, пред сѐ со фирмите. Зголемена понуда имаше и од менувачниците, како сезонски ефект пред божиќните и новогодишните празници, додека со физичките лица беа регистрирани стабилни движења и нето­откуп на девизи.

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе