На Самитот „Отворен Балкан“ потпишани договори за соработка со Србија и Албанија

Денеска во рамки на Самитот „Отворен Балкан", ресорните министерства од Македонија, Србија и Албанија потпишаа договори и меморандуми за соработка.

На потпишувањето присуствуваа премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

Потпишани се договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.

Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на конематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Во рамките на Самитот Отворен Балкан беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

Овие договори и Меморандумот, уште повеќе ја зацврстуваат соработката на земјите од Отворен Балкан и нудат можност за зближување, зајакнување и обезбедување безбедна иднина за граѓаните на трите држави.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе