На самитот „Македонија 2025" повеќе од 400 гости од земјава и од странство

Околу 430 гости од земјава и од странство беа дел од годинашниот самит „Македонија 2025" во чии рамки беа одржани 14 панели на значајни теми, а учествуваа повеќе од 40 говорници, кои ги споделија своите искуства и знаења во различни области. 

Самитот обедини бројни домашни и регионални бизнис-лидери, општествени и политички чинители, експерти од академската заедница и претставници на граѓанскиот сектор. Панелите на самитот, кој годинава се одржа по 11-ти пат, беа посветени на актуелни теми, како  дигиталната трансформација на бизнисите и општествата, лидерството во бизнисот, потенцијалот на популарните „блок-чејн" технологии и криптовалутите, односно можните пристапи на нивна имплементација.

„Македонија 2025" ја иницираше и Платформата за просперитетна иднина, која се базира врз седум клучни области – образование и човечки капитал, конкурентност и водење бизнис, владеење на правото и борба против корупцијата, демократско општество, животна средина, јавно управување, дигитализација и дигитални вештини. Платформата нуди и алатка за мерење на напредокот на земјата во овие области со цел напредок во економскиот раст и развој.

Од основањето, па досега, „Македонија 2025" имплементираше програми за економски развој во вредност од 3,5 милиони долари. Дополнително на тоа, во сегментот на образование и лидерство, донирани се 1,6 милиони долари, а во овие програми досега беа вклучени над 650 менаџери, претприемачи и млади таленти од Македонија.

Самитот Македонија 2025 ги обединува водечките компании, бизнис-лидери, општествени чинители и институции во промовирање успешни примери кои придонесуваат кон одржливи иницијативи и раст и развој

Никица Блажевска-Мојсоска, извршен директор на „Македонија 2025", им се заблагодари на  присутните и  се надева дека самитот инспирира и охрабрува промени во општеството и во економијата.

„Нашата главна цел беше да порачаме дека и малите можат да успеат доколку брзо и флексибилно се приклучат кон трансформацијата која се случува во светот. Вистинското лидерство носи успех и затоа важно е да одиме напред кон побрз и долгорочен економски развој“, истакна Блажевска-Мојсоска.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе