МЗШВ: Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021

Денес, по добиена информација од министерството за финансии, МЗШВ ги известува тутунарите дека од денес во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунарите целосно ќе бидат исплатени. Вкупно 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките до 17.280 тутунопроизводители.

Тутунарите ги добиваат заслужените субвенции за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, преку кои се одложи обврската кон УЈП, директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до министерството за финансии за исплата.

Дополнително ги информираме земјоделците дека во следниот период се очекува реализација на исплатата на финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници, мерки кои ги донесовме за поддршка на земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд. Следува и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведно и предадено млеко јануари-феруари 2021 и субвенциите за заклани бројлери и несикли во регистрирани кланични капацитети.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец и дава силна поддршка на земјоделците во услови на светска криза.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе