МЗШВ: За поддршка при набавка на трактор може да се аплицира до 20 мај

Рокот на јавниот повик за користење на средства за набавка на трактор истекува на 20 мај, па Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува сите заинтересирани да аплицираат. Максималната вредност која секој корисник може да ја добие е до 3.500.000 денари, а парите се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Целта, како што соопшти МЗШВ, е што повеќе земјоделци да ги искористат овие средства, особено сега, кога се наоѓаме во светска економска криза. Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на трактори, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик.

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се преземе на оваа интернет страница. Барателите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

- минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура;

- минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и

- минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун.

Парите наменети за инвестиции за набавка на трактор се дел од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

На последниот повик во декември 2020 година беа доделени 540 трактори. Инаку, оние кои што веќе искористиле средства од МЗШВ немаат право повторно да аплицираат.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе