МЗШВ: Нови 97 милиони евра неповратна помош

97 милиони евра неповратни средства издвојува Европската Унија преку ИПАРД 3 програмата. Тоа претставува зголемување за 62% споредено со ИПАРД 2 кога земјава доби на располагање 60 милиони евра. Ова е своевидно признание за Република Северна Македонија и земјоделските политики кои ги води Владата, особено земајќи ја предвид статистиката која бележи огромна, односно 97% искористеност на средствата од ИПАРД програмата со што стануваме земја-лидер во целиот регион.

„Вкупниот инвестициски циклус во македонското земјоделство само со ИПАРД 3 програмата изнесува високи 210 милиони евра. Покрај овие 97 милиони евра неповратни средства од ЕУ, тука влегува и кофинансирањето од страна на МЗШВ во висина од дополнителни 31 милион евра, како и 82 милиони евра инвестициски средства од страна на домашните корисници на оваа програма", информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Поддршката која како земја ја добиваме од Европската Унија (ЕУ) е значајна за развојот на македонското земјоделство, а успешната реализација на европските земјоделски програми уште еднаш ја потврдува посветеноста и решителноста на МЗШВ и Владата во процесот на интеграција и полноправното членство во Унијата.

Набавка на нова опрема, изградба или проширување на производствените капацитети, поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на ИПАРД програмата. Покрај развојот и модернизирањето на македонското земјоделство, поддршката која се добива од ИПАРД влијае во подобрувањето на економијата на државата и намалување на невработеноста преку отворање на нови работни места.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе