Министерството за земјоделство тврди дека по хакерскиот напад базата со податоци етапно се враќа во функција

Електронскиот систем на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група Black Byte. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во министерството и оневозможување на тековните работни процеси.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по хакерскиот напад на нивниот електронски систем тврди дека нападот е пријавен и се истражува, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција беа ставени сите системи на министерството.

„Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен.

Вработените во секторот за информатички технологии на МЗШВ активно работат за целосно отстранување на проблемот. Поради превенција во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија.

Упатуваме извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршиме услугите, дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот“, соопшти министерството.

 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе