Методија Мирчев е нов извршен директор на А1 Македонија

А1 Македонија го назначи Методија Мирчев на функцијата извршен директор на компанијата. Тој ги презема одговорностите на извршната позиција и го наследува Мислав Галер кој одлучи да ја продолжи својата кариера надвор од компанијата и кластерот Македонија и Хрватска.

Методија Мирчев доаѓа на оваа позиција со стекнато знаење и искуство во различни области во мултинационални компании. Тој ја почнува својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку интернационални компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имал извршна позиција во L’Oréal Полска.

Како директор за продажба и главен комерцијален директор во телекомуникациската компанија Космофон, Методија покажа врвни лидерски способности за кои е потребно огромно познавање на технологијата во бизнис работењето, како во B2B така и во B2C сегментот. Во 2011 година Методија ја продолжува кариерата на позицијата главен директор за продажба и маркетинг во ОНЕ – телеком Словенија групацијата по која бил унапреден во извршен член на Бордот на директори на ОНЕ и ја извршува функцијата главен оперативен директор.

Методија дипломирал на Варшавскиот технолошки универзитет, магистрирал на Лондонската и Париската бизнис школа, како и Норвешката школа за економија.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе