МЕПСО: Преземаме интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти

Од македонскиот оператор на електропреносен систем (МЕПСО) информираат дека во насока на искористување на добрите временските прилики, деновиве во трансформаторската станица (ТС) „Битола 2" се вршат засилени ремонтни активности согласно договорот за ревитализација на високонапонската опрема во оваа трафостаница. Овој проект опфаќа замена на 67 раставувачи на 400 kV и 110 kV напонско ниво, замена на 114 потпорни изолатори и поставување на 75 мерни трансформатори на 110 kV напонско ниво а во моментов се работи на реконструкција на 400 kV поле на енергетскиот трансформатор број 2.

„Секако дека не е лесно во услови на кризи од секаков тип, да се држи чекорот со планираните инвестиции, но со упорност, посветеност и труд на АД МЕПСО и на изведувачот на проектот Далекувод од Загреб, во рок се завршени активностите на 400 kV полиња од ТС Битола 2 до ТС Мелити Грција, oд ТС Битола 2- ТС Скопје 4,oд ТС Битола 2- ТС Дуброво, oд ТС Битола 2- ТЕЦ Битола (Блок 3) и трафо полето ТР.1 ТС Битола 2-400/110кV. Со овој процес на модернизација и реконструкција на 400/ 110 kV трафостаница Битола 2, на долг рок не само што ја зголемуваме доверливоста и сигурноста во управувањето со електроенергетскиот систем, туку новата опрема треба да ги сведе на минимум и ризиците од испади или дефекти. Во услови на енергетска криза дополнително е важно што со новата високонапонска опрема значително ќе се намалат трошоците што АД МЕПСО ги има за одржување на оваа трансформаторска станица“, велат од МЕПСО.

Проектот за рехабилитација на ТС Битола 2 е со вредност од 3,18 милиони евра од кои 2,2 милиони се сопствени средства на МЕПСО а останатите се заем од ЕБОР.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе