Пчеларски саем на Македонија

Медот е здравје и добра превенција од ковид-19, велат пчеларите

Под мотото „Мед и здравје“ преку 15 изложувачи од земјава учествуваат на годинашниот трет „Пчеларски саем на Македонија" што беше отворен денеска на плоштадот во Скопје и ќе трае до недела. Според Пчеларската федерација, која е организатор на Саемот, медот и пчелните производи се одличен адут за подобрување на здравствената состојба особено сега, во време на ковид - пандемијата. Годинешниот мед е со подобар квалитет, а Македонија може да се пофали дека има автохтона пчела.

Посетителите на овој саем можат да купат и да дегустираат мед, полен, матичен млеч, природни ликери на база на мед без шеќер, саќе... На некои од штандовите се продава и опрема неопходна за пчеларење. Гости со свои штандови се претставници од Факултетот за земјоделски науки и храна и Факултетот за ветеринарна медицина.

„Пчеларството во земјава оди во нагорна линија. Има пчелари од сите бранши и старосни структури, од машки и од женски пол. Пчеларството станува семеен бизнис со традиција, но го избираат и голем број млади како своја, основна дејност. Имаме, исто така, и својас автохтона пчела. Оваа и претходните неколку години приносот на мед е многу намален, а меѓу причините за тоа се климатските промени, употребата на пестициди од страна на овоштарите и градинарите, прскањето против комарци... За пофалба е што квалитет годинава е многу подобар и покрај големите горештини“, беше речено на отворањето на Саемот.

Федарцијата во оваа прилика јавно укажа на проблемот со кој се соочуваат пчеларите и апелира да не се вршат здравствени прегледи на веќе зазимени пчелни семејства.

„Прегледот треба да се врши во април или мај и по потреба, ако пчеларот забележи болест кај пчелните семејства, го повикува матичниот ветеринар. Не треба да се врши преглед на веќе зазимени пчелни семејства. Според сознанијата, има случаи на наплата на неизвршен здравствен преглед. Пчеларот тоа не треба да го дозволи зашто станува соучесник на такви дејства“, предупредуваат од Пчеларската федерација.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе