Со потпишувањето на договорите поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна, дополнително се зацврстува соработката меѓу двете земји,а документите овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни, соопшти Владата. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи, истакнуваат од Владата.
Со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло. Ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Како што е соопштено,.со новиот договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно.
За време на средбата на која присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведено е дека премиерот Ковачевски уште еднаш ги потврдил позициите на Македонија за силната и недвосмислена поддршка за украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет.
Украинскиот премиер Шмахил ѝ се заблагодарил на нашата делегација за неизмерната поддршка за Украина.
„Во разговорите премиерот Ковачевски посочи дека придржувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас како земја, значи застанување на вистинската страна, во вистински момент“, наведува Владата.