По средбата Ковачевски - Мицкоски

„Лицето за контакт“ Бектеши ги доби од ВМРО-ДПМНЕ контактите за набавка на енергија

„Лицето за контакт“, министерот за економија Крешник Бектеши, денеска од ВМРО-ДПМНЕ ги доби контактите за набавка на енергенси од странство, брифираат во опозициската партија. Со тоа е исполнет договорот од вчерашната средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која било решено натамошните активности да одат преку министерот Бектеши. Засега е познато дека гас ќе биде можно  да се набавува преку фирми од Западна Европа кои имаат склучено договори со руски Гаспром.

Според ВМРО-ДПМНЕ договорени се средбите на кои Владата треба да менаџира за набавка на гас и мазут од западни компании по релативно пониски цени.

По вчерашната средба на Ковачевски и Мицкоски, лидерот на опозициската партија Мицкоски рече дека контактите што ги има ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат пренесени до министерот за економија.

„Од тој момент на предавање на контактите очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија да се ублажи со обезбедување на поевтини ресурси, со цена за струјата пониска од берзанската, со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека има контакти со компании од странство за набавка на струја, гас и мазут, а по неколку дена сепак беше договорена средба со премиерот.

Сега на потег е министерот Бектеши да ги контактира од ВМРО-ДПМНЕ посочените фирми и странски трговци за евентуално склучување на договори за набавка на струја и други енергенси.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе