Кроациа осигурување живот во поддршката на спортот и младите таленти

Лидерот на осигурителниот пазар во Македонија, Кроациа осигурување живот, уште еднаш се докажа како општествено одговорна компанија, која сака да помогне во сите сфери на општественото живеење во државата. Во согласност со светските трендови во осигурителната индустрија, Кроациа осигурување го поттикнува размислувањето надвор од стереотипите, промовира култура на иновации и работи на создавање нови вредности.

Општествената одговорност е присутна во сите активности на компанијата, која отсекогаш ги поддржувала долгорочните проекти што имаат трајни вредности за локалната заедница, како и за пошироката јавност.

Кроациа, како водечка осигурителна компанија на македонскиот пазар, одговорно управува со ресурсите и се вклучува во поддршката на спортот и промовира здрав начин на живеење. Овојпат акцентот е на младите спортски таленти во тенисот и во ракометот на кои им се потребни дополнителни средства за натамошен развој во спортската кариера.

Од тие причини, компанијата реши да го спонзорира 15-годишниот тенисер Филип Стојановски, кој активно тренира и се натпреварува во Македонија, но и на меѓународната сцена. Минатата година Филип успешно настапуваше на домашни и на интернационални турнири и годината ја заврши како прв во Македонија на возраст до 14 години и 143-ти во Европа.

Покрај младиот и талентиран тенисер Филип Стојановски, Кроациа осигурување се вклучи и во спонзорство на ракометниот клуб Вардар Неготино. Младите ракометари на Вардар Неготино моментално се натпреваруваат во Првата ракометна лига и имаат изгледни шанси следната година да се најдат во најсилната македонска ракометна Суперлига.

Комерцијален текст

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе