Континентал ги претстави новите зимски пневматици

Оваа зима познатиот светски премиум производител на пневматици Континентал (Continental) на нашиот пазар ги претставува новите зимски пневматици Винтер контакт ТС860 (WinterContact TS 860) создадени за компактни возила и за возила од средната класа вистински прилагодливи на сув, на влажен зимски коловоз како и на замрзнат коловоз покриен со снежна покривка.

Претходникот во генерацијата зимски пневматици ContiWinterContact TS 850 во изминативе четири години, во конкуренцијата од 47 производители се докажа како најдобар во сите тестирања спроведени од European trade press, автомобилските клубови и организации на консументи со што стана најуспешен зимски пневматик создаден од  Continental  до сега.

WinterContact TS 860 се најавува како негов ексклузивен наследник, пневматик создаден по најнова технологија, вистински прилагодлив на сув, влажен, замрзнат и снежен коловоз обезбедувајќи сигурен и постојан притисок на патот. Зимите во централна Европа се главно ладни и влажни со десет врнежливи денови во текот на еден месец во периодот од октомври до март. Со температури околу 0 степени Целзиусови, тоа значи зголемен ризик од замрзнати патишта кои се многу чест причинител за сообраќајни несреќи. Затоа спецификациите на новите WinterContact TS 860 се фокусираат да обезбедат максимална безбедност особено на влажни и замрзнати коловози.

Новите зимски пневматици WinterContact TS 860 се наменети за употреба во Централна и Западна Европа. Кај нас ќе бидат достапни за продажба од оваа есен, со триесет и шест артикли во дваесет и една големина со дијаметар од четиринаесет до седумнаесет инчи, и со најава за дополнителни  дваесетина модели кои е планирано да влезат во производство во текот на 2017 година.

Со лансирањето на WinterContact TS 860, Continental лансира нов зимски специјалист за компактни возила и за возила од средната класа. Во поглед на безбедноста новите пневматици носат вистински прогрес: нивните перформанси за време на сопирање на влажни зимски патишта  се за дури 5 % подобри од нивниот претходник ContiWinterContact TS 850; растојанијата на сопирање се за 4% пократки на мраз; има значителни подобрувања на квалитетот на управување и возење во услови на снег; километражата и отпорот на триењето се рамо до рамо со успешниот претходник. 

Комерцијален текст

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе