Хумана акција на компанијата

Комодита донираше душеци за болницата во Козле во вредност од 100.000 евра

Со донацијата на Детска Клиника во Козле, Комодита хоум ја започнува својата хумана акција на донации на над 1.500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100.000 евра. 

„Комодита е на пазарот на Македонија од 2019 година, а наскоро го отвораме дваесеттиот продажен салон. Посебна гордост на брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Комодита хоум. Фабриката за производство на душеци на Комодита хоум, е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот. Со оглед на тоа дека располагаме со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни лаборатории, знаеме колку е важен добриот сон и дека тоа го заслужува секој од нас. Лицата со здравствени проблеми, возрасните граѓани, дечињата без родители, лица од социјално загрозените категории, но и сите останати, заслужуваат поддршка во остварување на нивните соништа, и секако убав и спокоен одмор. Токму под слоганот „Секој сон е важен", Комодита хоум ќе помага секаде каде што сме потребни“, велат од компанијата.

„Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. Во план ни е да донираме над 1.500 душеци во Детска клиника Козле, Кардиологија, ковид- центри низ државава, Геријатрија, СОС детско село, а оваа наша донација е со финансиска вредност од над 100.000 евра. Во соработка со Општините директно ќе ги помагаме и најзагрозените семејства. Донациите ќе се одвиваат на две недели, а по оваа денешна донација, ја најавувам како веќе потврдена и донацијата на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски". Со овој наш потег се радуваме дека ќе помогнеме на нашите сограѓани, а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности", истакна на прес-конференцијата Харитон Гаџоски.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе