Комерцијална банка тринаесети пат наградена од ЕБОР

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по тринаесетти пат ја награди Комерцијална банка, како најактивен учесник во ЕБРД ТФП (EBRD TFP - Trade Facilitation Program) програма за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки. Наградата ќе биде и свечено доделена на ЕБОР бизнис форумот на 26. годишна средба на Одборот на гувернери во Кипар на 9 мај.

Наградата се доделува еднаш годишно и се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија. Преку оваа програма вработените имаа можност да ги сертифицираат своите специфични знаења со полагање на испити (7 модули) од областа на меѓународната трговија и пракса. Воедно, тимот од Секторот за односи со странство постигна одлични резултати, признанија и промоција во својата фела.

Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Република Македонија.

                                                                                           Комерцијален текст

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе