„Искористете ја можноста и до 31.12.2021 година аплицирајте за атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка затоа што ‘полесно е заедно‘ да се остварат големи и мали желби“, порачуваат од Банката.
Овој ненаменски потрошувачки кредит, како што соопштуваат од таму, веќе е добро познат на пазарот по своите најповолни услови и по тоа што е креиран за да ги задоволи потребите на граѓаните како што ним најмногу им одговара. Овозможува помало месечно оптоварување на семејниот буџет, бидејќи има каматни стапки од 4,7% годишно, фиксна за првите 3 години, и 5,7% годишно, променлива за остатокот од периодот за отплата на кредитот, и рок на отплата до 10 години.
Повеќе информации за условите и потребните документи за аплицирање може да се најдат на веб-страницата на Комерцијална банка, а граѓаните можат да ги поднесат своите податоци за вработените во Банката да ги контактираат.