Ќе поевтини само бензинот од 98 октани

Вечерва по полноќ ценатга на бензинот од 98 октани ќе се намали за 2 денари за литар, со што ќе се добложи на само половина денар со цената на „обичниот“ бензин од 95 октани. Намалување на цената ќе има и кај мазутот. Цените на останатите горива не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот Еуросуопер БС-98 се намалува за 2 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,660 денари за килограм.

По полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС - 95          91,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98          92,00 (денари/литар)
Дизел гориво      Еуродизел БС (Д-Е V)    93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  88,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС                                             45,962 (денари/килограм)

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе