„КАЛКУЛАТОР 205О“

Како до стабилна енергетска иднина, нови решенија за греење, транспорт и помало загадување!?

Организациите „Аналитика“, „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“ денес ја презентираат работата на енергетскиот модел наречен „2050 Калкулатор“. Моделот е алатка наменета за внес на податоци при донесување на одлуки и политики во енергетскиот сектор, но дава и препораки за обезбедување стабилна енергетска идинина, искористување на техничкиот капацитет од соларната енергија, решенија за проблемот со греењето, транспортот, загадувањето...

Моделот „Калкулатор 2050“ се развиваше паралелно за 7 земји во регионот - Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Хрватска, а ги покрива и побарувачката и понудата на енергија. На конференцијата „Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и КОП 21“ се презентира процесот на пополнување на моделот со податоци, како и финалните резултати за тоа како Македонија да дојде до 78 отсто намалување на емисиите до 2050 година.

Според невладиниот сектор, од досегашната работа на моделот, по анализата на 4 сектора: транспорт, згради (домаќинства, јавни и комерцијални згради), индустрија (феролегури, челик и цементна идустрија) и производство на електрична енергија, можат да се извлечат повеќе заклучоци:

„- Во Македонија со значително вложување и напор е возможно да се постигне намалување на емисиите на национално ниво од дури 78 отсто!

- Македонија може да обезбеди стабилна енергетска иднина и без изградба на нови термоцентрали на јаглен, со реновирање на старите, и инвестирање во чисти, обновливи извори на енергија.

- Моделот предвидува дека е можно искористување на 50 отсто од техничкиот капацитет што Македонија го има кај соларната енергија и со тоа да изгради капацитети од 2.59 GW (гигават/час) до 2050 година.

-Горливиот проблем на греењето во домаќинствата може да се реши така што: како главни технологии се предвидуваат топлинските пумпи од една страна и когенеративни постројки на природен гас и биомаса и бојлери на биомаса и природен гас од друга страна. До 2050 целосно се отфрла греењето на нафта и јаглен и скоро целосно греењето на струја (resistive heating). Понудените опции за греење се групирани во 4 подгрупи – висока, умерена, ниска и многу ниска електрификација. Опцијата со топлински пумпи (односно опција со висока електрификација) предвидува 90 отсто од греењето да е покриено со топлински пумпи до 2050, а останатите 10 отсто се биомаса. Опцијата пак со когенерација (опција со многу ниска електрификација) предвидува до 2050 да доминира искористувањето на биомаса (до околу 45 отсто од потребите за греење) во когенетаривни постројки на биомаса и бојлери на биомаса, топлинските пумпи да покриваат 20 отсто, а има и болјери и когенерација на природен гас со околу 33 отсто. 

-Кај транспортот, се предвидува раст, меѓутоа со промена на политиките и свеста кај граѓаните се предвидува промена во модалитетите кои се користат и тоа: процентот на пешачање и возење велосипеди расте до 8 отсто од вкупните патнички километри во споредба со базната година (2010). Употребата на автобуси се зголемува до 47 отсто, на железницата 8 отсто, додека пак процентот на вкупните поминати патнички километри кај автомобилите паѓа на 37 отсто“, соопштуваат невладините организации.

Денешната конференција е дел од проектот „Стратегија за одржлива енергија на Југоисточна Европа“,  а од него произлезе и петицијата „Енергија со долг рок“. Од  „Аналитика“,„Еко-свест“ и „Фронт 21/42“ веќе потенцираа дека со својот потпис можете да дадете поддршка за поголема енергетска ефикасност, намалување на корупцијата во секторот енергетика и доследна имплементација на целите на Европската унија за клима и енергија.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе