Интервју со Иван Богданоски, продукт менаџер од Аитоникс

Како до комплетна сајбер-заштита со само едно интегрирано решение

Сајбер-нападите стануваат сѐ пософистицирани и сѐ почести. Лесно е да се помисли дека овие напади не ги таргетираат малите и средни бизниси на ист начин како големите претпријатија - бидејќи поголемите цели доведуваат до поголема заработка, нели? Сосема погрешно.

Денес малите и средни претпријатија се цел на сајбер-напади во речиси ист процент како и големите претпријатија, соочувајќи се со истите проблеми. Изгубените и изманипулирани податоци денес лесно може да затворат цели бизниси и индустрии. Токму затоа, неопходно е соодветно да се заштитат. Но, како да се направи тоа?

Разговараме со Иван Богданоски, продукт менаџер од Аитоникс кој работи со Acronis – гигантот за сајбер-заштита кој од неодамна е присутен со своите решенија на македонскиот пазар.

Како сајбер-нападите со кои се соочуваат малите и средни бизниси влијаат на нивниот бизнис?

- Факт е дека веќе живееме во нов дигитален свет. Промените што произлегуваат од процесот на  дигитализација не опфаќаат сите нас, без разлика на големината на бизнис сферата во која дејствуваме - големиот корпоративен бизнис или малите и средни бизниси. Дигиталната ера сама по себе носи нови поголеми, пософистицирани напади и закани, кои до скоро беа непознати за голем број на компании во светот. Со самото тоа и нивото на безбедност мора да биде многу повисоко и континуирано да се надградува, бидејќи вчерашните стратегии не ги спречуваат денешните сајбер-закани. Во обид да ги одбранат своите податоци голем дел од бизнисите користат комплексни решенија од различни производители, меѓутоа повеќе решенија не значат и поголема заштита.

Acronis им дава моќ на бизнисите да си обезбедат максимална заштита преку еден агент и една лиценца со користење на Acronis Cyber Protect, кој им овозможува да ги чуваат податоците безбедни и сигурни преку обезбедување на целосна сајбер-заштита со едно интегрирано решение.

Кој е Acronis и дали услугите што ги нуди се фокусирани посебно на создавањето ефективни решенија за сајбер-заштита?

- Acronis e глобален лидер во областа на сајбер-заштита кој на нашиот пазар е присутен од минатата година. Нивните решенија се достапни во над 150 земји ширум светот. Обезбедуваат супериорна компјутерска заштита за податоци, апликации и системи со иновативен антималвер од нова генерација, бекап, опоравување од непогоди, простор на cloud со супериорна антималвер заштита и многу други можности.

Кои од услугите на Acronis се достапни на македонскиот пазар?

- Комплетната палета на решенија и услуги кои се достапни на светско ниво се достапни и на македонскиот пазар. Едно од наjбараните решенија е Acronis Cyber Protect – револуционерен пристап на сајбер-заштита со интегрирана компјутерска безбедност за заштита на податоците. Ги елиминира сложените предизвици, обезбедува подобра заштита од денешните сајбер-закани и заштедува време и пари. Во самото решение е вклучено и обезбедување на сигурна резервна копија на податоците на cloud (или на локален дисковен простор по избор на корисникот), како и решенија за брзо и лесно враќање на податоците секогаш и секаде.

Може ли да ни објасните подетално што е Acronis Cyber Protect и како може да им биде од помош на малите и средни бизниси?

- Acronis Cyber Protect е решение кое што интегрира најнова генерација на AI-базиран антималвер, бекап и управување со заштита во еден систем. Интеграцијата на повеќе технологии за заштита во едно решение не само што ја зголемува сигурноста, туку и го намалува времето потребно за учење и одржување на различните решенија за заштита кои претпријатијата вообичаено ги користат. Со Acronis Cyber Protect добивате еден агент, еден централен интерфејс за управување и една лиценца.

Ваквиот концепт е идеален особено за малите и средни бизниси бидејќи добиваат врвно решение кое е едноставно и интуитивно за користење и управување и им овозможува максимална заштита без потреба од дополнителна експертска помош.

Кои оперативни системи и виртуелизации се поддржани и дали Acronis нуди заштита и бекап и на Microsoft 365?  

-  Acronis има соработка со повеќе од 20 различни платформи како што се: Microsoft, Linux, VMware, Citrix, Red Hat, Oracle и многу други.

Покрај горенаведените платформи, Acronis нуди и бекап за Microsoft 365, каде што покрај електронската пошта влегуваат и сите алатки кои се вклучени во пакетите на Microsoft 365. Така, Acronis овозможува бекап на Microsoft Teams, на податоците што се споделуваат преку Microsoft SharePoint Online и секако дополнителна заштита и бекап на податоците на Microsoft OneDrive. Во делот на заштитата за Microsoft 365 е вклучено и скенирање од малициозен софтвер на резервните копии кои се направени со Acronis, што овозможува добивање на безбедна резервна копија не само на електронската пошта, туку и на податоците кои се споделуваат со користење на другите апликативни решенија веќе вклучени во Microsoft 365.

Она што е особено интересно за сите претпријатија е можноста за дополнително зголемување на безбедноста на електронската пошта со специјалната алатка на Acronis која вклучува блокирање на спам, фишинг, измами, автоматска анализа на малициозен софтвер испратен како прилог на електронската пошта (attachment), пред истите воопшто да стигнат до поштенското сандаче.

Зошто Acronis? Кои се предностите кои ги нуди во споредба со другите брендови?

-  Acronis, за разлика од другите производители, обезбедува врвно технолошко решение за целосна сајбер-заштита што вклучува резервна копија на вашите податоци, брзо враќање на цели виртуелни машини (во функционална состојба за околу 2 минути), анти-вирусна заштита, заштита од денес се попопуларните рансомвер и фишинг напади, полиси за управување со заштита и резервни копии, како и многу други предности. Секако, една од најважните предности е тоа што Acronis овозможува сите овие функционалности да бидат управувани од една платформа која што е едноставна за навигација и значително ја зголемува ефикасноста на работата на администраторите. Затоа лесно можете да го наречете Acronis one-stop-shop решение во споредба со конкурентите, што разбирливо го прави еден од водечките светски производители за ваков тип на решенија.

Дистрибутер на глобалниот лидер во сајбер-заштита Acronis во неколку земји од регионот – Македонија, Албанија, Косово и Србија (за сите производи и услуги од портфолиото на Acronis) и Бугарија (за cloud услуги) е компанијата Аитоникс.  

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе