Како да изберете идеален осигурителен пакет за вашите потреби

Иако донекаде можеме да ги планираме нашите животи, сосема е јасно дека никој не може да знае што носи иднината. Неизвесноста на животните прилики ја зголемува потребата од секаков вид осигурување и затоа е добро сите непредвидени ситуации да ги дочекаме подготвени. Токму со осигурувањето се обезбедува сигурност и заштита за себе, своето семејство, здравјето, домот, превозното средство и сето она што нù значи.

Секоја полиса за осигурување има различно покритие и придобивки за осигуреникот. Она што треба да се има предвид при споредување на понудите за осигурување се видот на осигурување, обем на покриеност, сопствено учество во штета - франшиза, начин на склучување договор, како и максималниот потенцијален износ што осигурителната компанија треба да го плати. Можете да се осигурате од разни непредвидени настани: штети во домот, кражби, природни катастрофи, пожари, поплави, губење багаж за време на патување, повреди на работа, а може да обезбедите и повисоко ниво на здравствено осигурување за себе и своето семејство.

Со цел зголемување на услугите за осигурениците и што подобро да им излезе во пресрет на нивните барања за осигурување, Кроација осигурување постојано развива нови продукти и ги подобрува постоечките производи. Вистинската осигурителна компанија за вас е онаа што ви обезбедува соодветно покритие со квалитетни производи и разумни цени на осигурување, а во исто време има добра репутација за услугите и финансиска можност да ги исполни своите обврски.

Кроација во својата понуда вклучи три осигурителни пакети - CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR. Поволноста кај CRO пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања кои се најбарани, така што секој може да одбере она што смета дека му е најважно да го осигура. Пакетите содржат и гратис производи, а истовремено обезбедуваат и дополнителни бенефити и голема заштеда за клиентот.

Основниот пакет CRO START ги содржи осигурувањата кои најмногу ги користат клиентите - домаќинско осигурување, каско осигурување на патнички возила и осигурување од незгода, индивидуално или семејно. Пакетот CRO SMART вклучува домаќинско осигурување, осигурување од незгода и дополнително здравствено осигурување CROCARE кое стопроцентно ги покрива трошоците за различни здравствени услуги во приватни здравствени установи, во зависност од пакетот. Пакетот CRO SUPERIOR, пак, вклучува домаќинско, каско и здравствено осигурување, а осигурувањето од последици од незгода е гратис.

Комерцијален текст

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе