Комората предлага концепт за ублажување на економските последици од кризата

Јовановски: Никој не ги сака повеќе работниците од оние што им даваат плата

Стопанската комора во континуитет покренува разни иницијативи и доставува барања до надлежните институции, сѐ со цел да се им се помогне на компаниите во нивното работење. Од почетокот на годинава се доставени повеќе иницијативи, на пример, инцијатива поврзана со Законот за извршување, друга иницијатива поврзана со Законот за работни односи во неколку сегменти, вклучително и за недела неработен ден итн.

Како што вели потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски, иницијативите и барањата на Стопанската комора се насочени кон обезбедување опстанок и зголемување на успешноста на компаниите набљудувани во целина.

„Стопанската комора не е организација само на работодавачите, за тоа постои друга посебна институција што така се вика. Значи Стопанската комора е комора за компаниите во целина, и за сопствениците и за работниците, а помеѓу нив и за менаџерите. Тоа се три групи на играчи на една иста екипа која не може да се натпреварува на пазарот доколку не е комплетна со сите три групи. Сите тие се меѓусебно нераскинливо поврзани и во тој контекст никој не ги сака повеќе работниците од оние што им даваат плата за вложениот труд и придонес“, изјави Јовановски.

Според него, важно е да се разбере дека кога се носи правна регулатива за работењето на компаниите таа мора да биде избалансирана за целината на работењето на компаниите и да биде во линија со пазарните законитости за да можат компаниите да опстанат и да бидат успешни на долг рок.

„Ако законските одлуки не се такви, имаат само парцијален фокус и носат придобивки само за една група играчи во тимот, на пример работниците, а со таквите одлуки се зголемуваат финансиските обврски за компаниите, не се овозможува работење на компаниите, на пример во недела и не се води сметка за законитостите на пазарната економија, тогаш таквите законски решенија на долг рок не се добри ниту за самите работници“, додава тој.

Јовановски потсетува дека компаниите се борат на пазар кој сега е глобален и мора да бидат конкурентни со цената на своите производи и услуги за да опстанат на пазарот. 

„Ако компаниите не се конкурентни заради законски решенија со парцијален фокус, тогаш компаниите мораат соодветно да го прилагодат своето работење за да опстанат и за да ги  сочуваат оние работни места што пазарот им дозволува да ги сочуваат.

Накусо кажано, без работници нема компании, но и без компании нема работници“, вели Јовановски.

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе