Јакимовска: Мора да се развиваат вештините на поединецот

Вие можете да бидете најдобриот лидер на овој свет, но доколку немате војска позади вас која што ќе стои позади вашите идеи, никогаш нема да освоите ниедна битка. Мојот став е дека треба фокусот да биде ставен, пред сѐ, на единицата човек и развивање на неговите вештини со цел зголемување на степенот на профитабилност, вели Ирена Јакимовска, сопственичка на текстилната фабрика „Комфи Ангел“ од Прилеп во интервјуто за Плусинфо.мк.

Јакимовска е предавач на модулот Клуб на менаџери, претприемништво и лидерство што ја организира Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања кој е еден од четирите совети неодамна формирани од Стопанската комора на Северна Македонија. Обуката започнува на 9 декември, а ќе трае до крајот на мај 2022 година.

Водена од желбата за личен развој и унапредување на образованието, Ирена Јакимовска како тинејџерка заминала во Велика Британија каде останала 10 години. Работела во италијански ресторан во Лондон, а потоа се посветила на текстилниот сектор во областа на производство на облека и следење на модата. Водена од искуството стекнато во странство, се вратила во Македонија и во Прилеп го основала својот прв приватен бизнис, бутикот „Ангел“. Во 2003 година во партнерство со инвеститор од Велика Британија започнала лон производство во Македонија под името „Комфи Ангел“. По неколкугодишен раст и развој на бизнисот, започнала да развива сопствени брендови и производи следени со постојан технолошки раст.

„Ќе ги пренесам сопствените искуства кои што се надевам дека ќе поттикнат доволно интерес за интерактивност со учесниците. Вие и не можете во толку кратко време да се фокусирате на најбитните моменти од долгогодишното искуство во креирањето на лидерството, меѓутоа само преку интерактивност можете заедно со учесниците да дојдете и да ги потенцирате најбитните моменти“, вели Јакимовска за нејзините предавања за младите менаџери во Стопанската комора.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе