Извозот на стоки од Македонија поголем за 5,4 отсто

­Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари ­ноември 2016 година, изнесува 241.950.630.000 денари (4.364.227.000 долари) и бележи пораст од 5,4 проценти во однос на истиот период од 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според вкупниот обем на надворешно­трговската размена, во периодот јануари­ноември минатата година, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облека.

Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. 

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе