Изградбата на пругата кон Бугарија ќе продолжи во првиот квартал следната година, најавува Бочварски

Постапката за избор на изведувач на првите две фази од пругата со Бугарија треба да заврши до крајот на годинава, а градбата да стартува во првиот кравтал следната година, вели министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.

„Северна Македонија е силно посветена на евроинтеграцискиот процес и на интегрирање на транспортните системи со земјите од регионот и со транспортниот систем на Европската Унија”, истакна Бочварски, кој денеска престојува во работна посета на Софија, каде заедно со министрите за транспорт на Бугарија и на Албанија, Христо Алексиев и Белинда Балуку, го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за изградба и координиран развој на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8, а очекувањата се да биде готов до 2030 година.

Бочварски порача дека железничкото поврзување кон исток со Бугарија и кон запад со Албанија е од клучно значење за развој на севкупниот железнички систем во земјава. Изградбата на нови пруги, истакна, треба да овозможи забрзан економски раст на целиот регион долж паневропскиот Коридор 8. 

Според Бочварски, Македонија вложува силни напори во изградба и финализирање на транспортната инфраструктура на оската Исток-Запад, а инвестициите што се планираат за изградба и докомплетирање на железничкиот Коридор 8, надминуваат милијарда евра.

Изградбата на источниот крак на железничкиот Коридор 8 е поделена во три фази, Куманово-Бељаковце, Бељаковце-Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија. Минатата недела беше склучен договор со компанија што ќе врши надзор на изградбата на првата и втората фаза за кои е во тек постапка за избор на изведувач. Како што рече Бочварски, очекувањата се дека до крајот на годинава ќе  завршат постапките за избор на изведувач за првите две фази.

„Почетокот на градбата на првата и втората фаза  се очекува во првиот квартал на 2022 година и само тоа е инвестиција од околу 200 милиони евра”, рече тој.

Постапката за избор на изведувач за двете фази од источниот дел на железничкиот Коридор 8 е во фаза на квалификација и кандидатите од кратката листа треба да ги достават понудите најдоцна до 15 ноември годинава година, по што следи фазата на евалуација и избор на економска најповолна понуда.

За третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, истакна Бочварски, се планира да се продолжи насокоро со постапките и наскоро да почне изградба и на таа фаза со што ќе треба заеднички со Бугарија да се работи на решавање на тунелите на границата. Само третата фаза од пругата изнесува над 400 милиони евра.

Тој истакна и дека се работи на целосна обнова на патната инфраструктура на Коридорот 8.  

„На источниот крак од Куманово до границата со Бугарија вршиме целосна реконструкција и на постејниот пат, но и градиме експресен пат во една делница, така што инвестициите само во источниот крак кон Бугарија во овој момент изнесуваат над 90 милиони евра”, кажа Бочварски.  На западниот дел од Коридорот 8  е подготвен проект за железничкиот дел од Кичево до границата со Албанија во должина од 70 километри и се разгледуваат можности да се најдат средства.

Меморандумот помеѓу трите држави дополнително треба да помогне за координација и спроведување на мерките за олеснување на транзитот на граничните премини и да обезбеди коридори со брз и непречен транспорт на стоки. Приоритет е и постигнување на одржлива мобилност и висока ефикасност и квалитет на транспортните услуги на долг рок.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе