Исплатени 23,5 милиони евра од „Ковид 3“

Од бескаматната кредитна линија со грант компонента „Ковид 3“, која се реализира со финансиска поддршка од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со вчера, 5 март, се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници што ги исполниле условите од јавниот повик или 96,7 отсто од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.

Како што соопшти Развојната банка, досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.

Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микрокомпании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниот и Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојната банка продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката, кој изнесува 31 милион евра. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе