Инфлацијата заклучно со јули изнесувала 10,9 отсто, пресмета Народната банка

Најновите податоци покажуваат просечна инфлација од 10,9 проценти во периодот јануари – јули, при што три четвртини од овој раст се објаснува со растечките цени на храната и енергијата и е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична енергија, која е под влијание на случувањата во глобалниот пазар на енергија, соопшти Народната банка и нагласува дека ваквите притисоци брзо се прелеваат врз цените и на останатите производи и услуги.

Фото: П.Џ.

Народната банка дополнува дека така се подгреваат инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики.

„Сепак, месечната промена на потрошувачките цени покажува одредено забавување, а голем дел од месечниот раст се должи и на донесената одлука за промени во регулираната цена на електричната енергија. Воедно, годишната динамика на базичната инфлација остана стабилна“, посочува централната банка.

Најновите очекувања на светските пазари, како што велат од Народната банка, навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, односно очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу, додека кај цените на нафтата се очекува стабилизирање на крајот на годинава, а потоа и нивно намалување.

„Сепак, ризиците на страната на понудата, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната и натаму се значително изразени поради воените случувања во Украина, со што останува голема и неизвесноста поврзана со пренесените ефекти врз домашната инфлација“, се вели во соопштението.

Девизните резерви се одржуваат во сигурна зона, а податоците за активноста во домашната економија во првиот квартал од 2,4 проценти, како и оцените за понатамошен раст согласно со високофреквентните податоци за периодот април – јуни засега се во согласност со последните очекувања. Во овој период се забележува натамошен, но малку поумерен годишен раст кај индустријата, прометот во вкупната трговија и угостителството, додека активноста во градежништвото во периодот април – мај бележи забавување на падот. Последните податоци покажуваат и понатамошен раст на кредитите и на депозитите.

Инаку, основната каматна стапка останува непроменета на ниво од 2,5 проценти, а понудата на благајничките записи исто така останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари, информира Народната банка.

„При носењето на ваквата одлука беа земени предвид неколку клучни фактори, пред сѐ, досега преземените чекори за нормализирање на монетарната политика, како и последните движења кај инфлацијата и на девизниот пазар. На девизниот пазар се забележува значајно стабилизирање во последниот период, а Народната банка интервенира со откуп на девизи. Притоа, притисоците од енергетската криза се намалени значително, додека приливот на девизи на менувачкиот пазар во овој период е значително повисок од очекувањата. Воедно, на девизниот пазар видливи се и одредени позитивни поместувања во однос на побарувачката на девизи од страна на домашните физички лица, што укажува на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на домашните субјекти“, велат од Народната банка.

Легенда под Главна слика

Фото: П.Џ.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе