Инфлацијата се искачи на 12.3%, веројатна е рецесија, анализира „Фајнанс тинк“

„Во вториот квартал од 2022 година инфлацијата се искачи на 12.3% на годишна основа. Растот на цените е скоро во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување, транспорт и ресторанско-хотелски услуги. Неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година“, сметаат во „Фајнанс тинк".

Фото: П.Џ.

Според макроекономскиот монитор на организацијата „Фајнанс тинк" (Finance Think), во вториот квартал БДП се зголеми за 2.8% на годишна основа.

„Овој раст е сличен на динамиката од 2021 година, но е под очекуваниот, остварен е во услови на нагласена неизвесност која произлегува од руско-украинскиот конфликт, како и во услови на забрзан раст на цените. Со оваа состојба е сврзан нискиот раст во преработувачката индустрија (1.5%), како и продолжената стагнација кај градежништвото (0.2%). Од друга страна, пост-пандемиската консолидација продолжи со солидна динамика од 8.1% кај трговијата, транспортот и хотелиерството. Извозот и увозот ја задржаа својата динамика од почетокот на годината, 14.7% и 25.2%, соодветно, додека бруто инвестициите бележат изненадувачки висок раст (46.5%), но тој е веројатно сврзан со акумулацијата на залихи во пресрет на растечките неизвесности на глобалната сцена. Стабилниот пазар на труд и растот на платите ја поддржаа приватната потрошувачка, иако со благо забавен раст (4%), додека јавната потрошувачка бележи силен пад од 7.2%, што е во линија со несразмерната реализација на буџетскиот дефицит (една четвртина за половина година).

Невработеноста во вториот квартал од 2022 понатамошно благо се намали, на 14.5% од претходните 14.8% (К1-2022). Благо подобрување бележи и вработеноста, од 47.1% на 47.3%, но нема особени знаци на значајно реактивирање на работоспособното население кое се пасивизираше во текот на пендемијата.

Во вториот квартал од 2022, инфлацијата се искачи на 12.3% на годишна основа. Овој раст на цените е скоро во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување, транспорт и ресторанско-хотелски услуги.

Неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал од 2022 ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година. И покрај намалувањето на цените на храната на глобалните пазари од јуни 2022, понатамошното зголемување на цените на енергентите укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со претходните очекувања. Оттука, Finance Think надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.1% (од претходните 2.8%), додека проекцијата за годишната стапка на инфлација нагорно на 12.2% (од претходните 9.7%)“, се вели во анализата на „Фајнанс тинк".

Легенда под Главна слика

Фото: П.Џ.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе