Гувернерката на средба со Светска банка

Инфлацијата е 14,3 проценти, Народната банка за 2023 година предвидува до 9 процени

Во октомвриските проекции на Народната банка инфлацијата е ревидирана нагоре, во услови на нагорни корекции на оцените за увозните цени, односно на 14,3%. Банката очекува в година намалување на увозните цени, со што би се намалиле и притисоците врз домашната инфлација и во отсуство на поголеми притисоци од побарувачката се очекува дека просечната стапка на инфлација ќе биде поумерена, од 8% до 9%. Очекувањата на среден рок се дека инфлацијата ќе забави, сведувајќи се на 2,4% во 2024 и ќе се врати на историскиот просек од 2% во 2025 година.

„Народната банка соодветно реагира на притисоците кои од меѓународните пазари на примарни производи, односно основни прехрамбени производи и енергенти, се пренесуваат на домашните цени и нагорно ја придвижуваат инфлацијата. Неизвесноста и понатаму останува висока, оттаму Народната банка и понатаму треба да продолжи да ги следи меѓународните и домашните движења и доколку е потребно, соодветно да реагира“, ова, како што информира Народната банка, било посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочинг Ју и директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи.

Гувернерката истакнала дека Народната банка меѓу првите централни банки реагирала на глобалните инфлаторни движења кон крајот на 2021 година, со повлекување на ликвидност преку интервенции на девизниот пазар.

„Понатаму, неколкупати е покачена основната каматна стапка со вкупен ефект на раст од 3 процентни поени. Покрај ова донесени се и повеќе мерки, како промените во задолжителната резерва во насока на денаризацијата, како и поддршка на проекти за енергетска одржливост, но и воведување на контрацикличен заштитен слој на капитал кај банките“, се вели во соопштението.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе