Статистика

Индустриските производи на годишно ниво поскапи за 21,4 отсто

Државниот завод за статистика објави дека во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,3 % на месечно и за 21,4 % на годишно ниво.

Во април во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0,5 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 5,8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,8 %.

Во април годинава, пак, во однос на април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26,9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29,4 %, Капитални производи за 74,6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,6 %.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе