„Иднината е во нашите раце“

„Луѓето мислат дека работат доволно на зачувување на животната средина. Тоа не е баш така. Сите ние, главно, чекаме прво да реагираат државите и компаниите. Мораме да се фокусираме. Голема шанса за одржлива иднина ни дава науката, но неа мора да ја следат однесувањето и навиките на луѓето“, рече Пипа Бејли, директорка за климатски промени и одржливост во Ипсос, на отворањето на панелот „Во фокус: Одржливост“.

Со транспарентност до доверба

Бејли додава и дека голем предизвик претставуваат класичните цигари, но дека технологијата понудила решенија и затоа шансата е очигледна. Меѓу тие иновации се подразбираат и уредите кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот, па така Ерик Блумквист се надоврзува: „Постојат производи со намален ризик кои можат да бидат од корист за пушачите. Секако, тие се наменети само за оние пушачи кои секако би продолжиле да пушат. Исто така, потребно е регулаторите да го сфатат нивното значење. Државите можат значајно да придонесат за транзицијата и трансформацијата, на тој начин што ќе им дозволат на пушачите да изберат опција која е помалку штетна“.

Сара Боствик Стромоски, директорка за одржлив развој во рамките на компанијата Филип Морис, вели дека оваа компанија вложува натчовечки напори за да ги исполни потребите кои ги има светот и да ја направи иднината подобра и без тутунскиот чад. Таа како клучна вредност ја издвојува транспарентноста, бидејќи без неа не може да дојде до трансформација: „Времињата се променија. Ние тежнееме да одиме подалеку од класичните тутунски производи, да ги промениме. Сите податоци, сите научни факти и информации за нашите бездимни производи се јавно достапни на сајтовите. Се е лесно да се провери. Тоа го правиме бидејќи веруваме дека транспарентноста ќе ни помогне да ја зацврстиме довербата, иако сме свесни дека многу компании не се однесуваат така. Секогаш ги охрабруваме сите заинтересирани страни да разговараат со нас за се, единствено така можеме да ги правиме вистинските работи“.

Да се намали јаглеродниот отпечаток

Не работи само тутунската индустрија на одржливи решенија. Кевин Пенг, научник во ALD Group смета дека уредите од новата генерација, посебно оние кои е можно да се полнат и повторно да се користат, од која индустрија и да доаѓаат, го намалуваат јаглеродниот отпечаток во животната средина. „Сега многу се вложува во истражувањето и развојот на иновации, бидејќи со пронаоѓање на одржливи решенија се води грижа за опкружувањето. Производите денес не се лансираат додека не постојат докази дека им одговараат на стандардите на одржливост“, изјави Џанмарко Гуидучи, директор на продажбата во компанијата Cerulean.

Сумирајќи ги излагањата на сите предавачи, Адријан Пејн, еден од модераторите на овој панел, заклучува: „Иднината е во нашите раце“.

Koмерцијален текст

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе