Идната недела исплата на мајските пензии

Денеска Владата ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година.

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе