Изјава на министерот за земјоделство

И леб и млеко и зејтин, сѐ ќе има, вели Николовски

„Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани“, истакна Николовски на прес-конференција откако претходно информира дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции. Тој како и дека е обезбедено основните училишта, преку општините, да добиваат јаболка за учениците, со што се помагаат како производителите, така и семејниот буџет на родителите чии деца ќе имаат здраво македонско овошје за време на наставата.

Покрај основните и дополнителните субвенции, за млекопроизводителите преку Интервентниот фонд се обезбедени уште 140 милиони денари, рече Николовски.

Поддршката е за литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети од 1 октомври 2021-ва до 30 септември годинава.

Мерката е усвоена на денешната владина седница. Како што објасни Николовски, 140-те милиони денари се предвидени во Интервентниот фонд, а се обезбедени со ребалансот на Буџетот зашто се навреме побарани.

„Мерката е итна и многу брзо ќе се реализира. Целта е намалување на трошоците и загубите на мелкорпозводителите кои се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и сточната храна поради кризата, потенцира министерот.

Тој повтори дека веќе се исплатени 670 милиони денари на над 20.000 сточари, а до 31 декември годинава сите долгови кон сточарите по основа на субвенции ќе бидат целосно исплатени.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе