Бојкот на Железници Транспорт

И денеска без патнички и товарни возови во земјава

Откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт вчера изутрина почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани, втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава.

Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, за МИА изјавил дека бојкотот продолжува до исполнување на поставеното барање. Според него, имало најави од раководството на претпријатието дека вториот дел од платата ќе биде исплатен утре, но засега нема промена на нивната одлука.

Согласно со Одлуката од 2 ноември 2021 година машинскиот и извршниот персонал најави дека нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Одлуката беше донесена по прекинот на работата во ноември, исто така поради доцнење со исплатата на платата, а претходно поради истата причина бојкот имаше и во август лани.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе