Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар до крајот на годинава

Согласно одлуката на Советот на Европската Унија, Хрватска од 1 јануари 2023 година се приклучува кон евро-зоната па хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година, соопштија од Народна банка.

„Согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 јануари 2023 година, хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година. Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува заклучно со Курсната листа којашто ќе биде формирана на 30 декември и која ќе важи на 31 декември 2022 година. Следствено, купопродажните трансакции на домашниот девизен пазар со банките и вршењето на менувачките работи со хрватски куни ќе може да се спроведуваат заклучно со 31 декември 2022 година“, соопштија од Народна банка.

Од таму посочуваат дека во текот на 2023 година замената на хрватските куни ќе може да се реализира исклучиво кај деловните банки и кај други институции на територијата на Република Хрватска. Од 1 јануари 2024 година услугите за замена на хрватските куни ќе ги реализира единствено Централната банка на Хрватска.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе